„ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал. Воедно потребна е одговорност на сите оние кои во ДУИ му даваа политичка поддршка и СДС кои му беа оперативци во криминалот. Артан Груби не бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора да одговараат“ рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Тој рече дека „не е можно Артан Груби да се сомничи за криминал, а Али Ахмети да е чесен. Треба да одговара и Ахмети за сето она што им го направи на граѓаните на Македонија и Албанците кои ги злоупотребуваше и се богатеше на нивен грб како и Македонците кои здружно со СДС ги крадеа“.
„Борбата на ДУИ и СДС е за спас на криминалци како Артан Груби, затоа создаваат атмосфера на етнички тензии. Циркусот пред Уставен суд беше само за дефокусирање од криминалите на ДУИ и СДС кои забрзано излегуваат на виделина. Сега откако помина 11, ништо не се случи и ДУИ се демаскирани. ДУИ и СДС 7 години го имаа запоседнато судството. Врвот на овие партии а најмногу Артан Груби влијаеле на судски одлуки. 7 години судска одлука не смееше да се донесе без одобрение на ДУИ и СДС“ рече Петрушевски.