(ВИДЕО) Петрушевски: МЕПСО склучило договор за набавка на уред за три милиони евра поскапо од предвиденото во Планот за развој

by Fokus

„СДС и ДУИ ги злоупотребувале енергетските претпријатија за да испумпаат милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до нив. МЕПСО под водство на Зуди Енуз, од фронтот на ДУИ, а поставен од СДС, на 26.06.2024 година склучил договор со албанската фирма `Шанси Инвест` за набавка на уред за корекција на напонски профил на 400kV во трансформаторска станица Дуброво во висина од 576 милиони денари, односно близу 10 милиони евра“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, „Буџетот за уредот за корекција во Планот за развој на електропреносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година изнесува 2.8 милиони евра, истиот уред во договорот склучен со албанската `Шанси Инвест` изнесува 5.864 милиони евра. Тоа се цели 3 милиони евра повеќе од предвиденото“.

„Дополнително загрижува фактот што албанската `Шанси Инвест` на овој тендер учествува со `Далековод АД Загреб`, фирма за производство на таквиот вид на опрема, која се јавува како поголем партнер во конзорциумот. Имено се поставува прашањето, која е улогата на aлбанската фирма кога опремата доаѓа и е произведена и може да биде монтирана од фирмата производител? Дали албанската `Шанси Инвест` е тампон фирма за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното? Каде завршиле 3 милиони евра разлика?“ прашува Петрушевски и го повика ЈО веднаш да отвори случај и да реагира.

 

Поврзани новости