„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието, да најде пласман и да помогне на 100.000 земјоделци, тој мислел како и каде следно да патува, и колку поскап хотел да плати. Љупчо Дон Николовски кога престојувал во странство, веројатно сакал да престојува и патува со стил. Со народни пари плаќал скапи хотели и по неколку стотина евра од вечер. Се е полесно кога си министер од СДС, пред камери зборуваш за народот и социјална правда, а зад камери јадеш скапи јадења со државни пари и спиеш по хотели со пет звезди кои чинат неколку стотина евра за вечер“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Петрушевски рече и дека „Љупчо Дон Николовски за 6 ноќевања во САД потрошил 2850 евра само за хотели. Љупчо Дон Николовски плаќал хотелска соба по 500 евра во Њу Јорк и Вермонт, а 450 евра во Чикаго. Во Италија во Рим Дон Николовски плаќал 300 евра за хотел од вечер“.
„По примерот на Бисера Антоанета и Дон Николовски се луксузирал во Виена, за две ноќевања со државни пари се платени 670 евра. И кога патувал во соседството, како во Бугарија, Дон Николовски исто патувал луксузно, за хотел во Софија за една ноќ платил 150 евра. Ова се министрите од СДС. Ова е Дон Николовски кој имаше десетици милиони неисплатени субвенции. Заради ова велиме дека државата е ограбена“ рече Петрушевски.