(ВИДЕО) Петрушевски: Костовски, Даскаловски и Герасимовски се луѓе на врвот на СДС, а не на народот

by irena 12:45
12:45

„Мартин Костовски, Марјан Даскаловски и Горан Герасимовски не можат да бидат иднина, само минато. Мартин Костовски како пратеник беше извршител на сите наредби на Заев и Ковачевски, тој ги гласаше сите штетни договори и ја уназади државата. Куманово не смее да падне во рацете на Костовски“ рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, „Марјан Даскаловски е човекот кој е десна рака на Заев за изборен криминал и корупција во Струмица. Со Даскаловски ќе остане пашалак на Заеви и Филипче“.

За Горан Герасимовски рече „аздисано троши народни пари, плаќа скапи адвокати и фрла пари на гориво со налози без основни податоци, на општина Центар гледа како на приватна ризница“.

„И Костовски и Даскаловски и Герасимовски се продолжената рака на Заев и Филипче. Сите тројца се луѓе на врвот на СДС, а не на народот. Граѓаните одамна ги прочитаа луѓето како Костовски, Даскаловски и Герасимовски и на претстојните избори ќе ги казнат“ рече Петрушевски.

Слични вести