173
МВР информира дека синоќа во 19.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.Н.(21) од село Раштани, велешко.
Тој на 26 минатиот месец на улица „8. Септември“ во Велес, управувајќи мотоцикл, удрил во пешакот П.З.(79) од Велес и побегнал од местото на настанот.
Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес.
По преземени мерки, В.Н. е пронајден и приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.