„Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се коренити реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судство да е растоварено од политички влијанија. Функционирањето на Кацарска и Трпков судството во сојузништво со партиските послушници на СДС и ДУИ обвинителите, Коцевски и Рускоска е поразително за Македонија. Кацарска, Трпков, Коцевски, Рускоска и останатите кои не постапувале по предметите, ги одолговлекувале постапките, или неоправдано се откажувале од кривично гонење се одговорни за лошата слика на судскиот систем“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Тој посочува дека „Извештајот на Транспаренси каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција потврдува дека токму ваквото правосудство е најслабиот столб во општеството“.
„Кацарска, Трпков, Коцевски, и Рускоска се директно одговорни за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Тие се одговорни за распространетоста на корупцијата во пандемски размери, за раст на криминалот и недовербата на граѓаните во судскиот систем која е само 2 проценти. Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, “заборавените“ предмети, и не постапување по наводите за криминал на Кацарска судството се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем. Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас. Кацарска и Трпков пак се синоним за контрола на судството под диригентската палка на СДС. Тие си играа со судбините на луѓето од случајот за 27 април“ рече Петрушевски.