Судскиот совет со денови го толерира Пајазит Пајазити, кој не само што овозможи да избега Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети кој призна поткуп, наместо да досуди затвор. Тоа е рамно на амнестија. Истиот Пајазити ги ослободи и насилниците од скопскиот аеродром и во целост е усогласен со политиките на ДУИ и СДС, наместо да суди по закон, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Тој рече дека Пајазити требало одамна да биде разрешен, ако Судскиот совет не бил под 100% влијание на ДУИ и СДС.
„Член на истиот тој судски совет до не одамна беше и сега осудениот Наќе Георгиев, кој беше фатен во поткуп, кој го зел за да влијае друг судија да досуди помала казна за Боро Марлборо. А асистенција му вршел Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И како сега народот да му верува на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, кога тие што седат во него живи се фаќаат како земаат поткуп со цел да влијаат во постапки?
И наместо да преземат чекори кон подобрување. Имаме еден долг и непрекинат молк.
Уште еднаш повторуваме. Реформи во судството мора да има. А пред тоа институциите да си ја завршат работат и да почнат со санкционирање на Пајазит Пајазити, да го спасат оној рејтинг од 2%, ако не се стопил“ порача Петрушевски.