(Видео) Петрушевски: ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС

by Fokus

ЈО да не чека, одговорност за Груби мора да има, но и за неговите помагачи од СДС, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„ЈО не смее да дозволи Артан Груби да помине само со црна листа на САД. Самиот факт што нашиот стратешки партнер има докази за влијание на Груби во судски предмети говори дека и ЈО истите мора да ги обезбеди и тој да одговара.

Ако ЈО не поведе постапка против Груби оваа генерација обвинители ќе биде 100% виновна зошто довербата на народот во нив е само 2%. Груби не е сам, СДС му беа логистика и одговорност мора да има за сите. Артан Груби за кој видовме дека земал мито за да влијае на судски предмети не е сам, СДС како партија му биле испостава и помагачи. 7 години ДУИ и СДС поставува свои луѓе во правосудството.

Никој не може да претпостави колкав е бројот на предмети на кои Груби и СДС влијаеле и ја спречиле правдата или донеле одлука во граѓанска постапка во нечија корист“ рече Петрушевски.

Тој ги повика обвинителите и судиите да се освестат, да излезат, како што рече, од јаремот на ДУИ и СДСМ и да почнат да си ја работат работата.

Поврзани новости