(Видео) Петрушевски: ДЗР утврди низа нерегуларности во работењето на АД ЕСМ

by Fokus

ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 утврдил низа нерегуларности. Раководството на претпријатието од СДС не ги спроведувало јавните набавки согласно закон, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Перушевски.

„ДЗР констатира дека при набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ раководството толерирало низа пропусти на доставувачот, кој ги немал секогаш задолжителните залихи, доцнел со испораката и не ја почитувал динамиката.

АД ЕСМ и покрај тоа што не добивала мазут како што било предвидено во договорот, во два наврати склучува анекси со истиот добавувач, со што ја зголемува вредноста на договорот.

Раководството на АД ЕСМ толерирало испорака на мазут со примеси на голем број нечистотии, со што се предизвикале дефекти во мазутната станица.

Зошто раководството на АД ЕСМ толерирало неквалитетен мазут и лоша испорака? И зошто згора на тоа два пати анексирале договор? Дали поранешното раководство на АД ЕСМ работело за нечиј приватен интерес наместо за државниот?“ праша Петрушевски.

Тој го повика Јавното обвинителство да го испита случајот со набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, а како појдовна точка да ја имаат Ревизијата од ДЗР. Одговорност мора да има, порача тој.

Поврзани новости