(Видео) Петровска: ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ.

by Fokus

ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ, изјави пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

„Ова што денес го видовме на седницата на Комисијата за надзор над работата на АР и АНБ е чист доказ дека бегаат од соочување со јавноста.

Злоупотребувајќи го мнозинството тие денес спречија одржување на седница и расправа за прашањата чии одговори ги чека цела јавноста, и домашната и меѓународната.

Ова денешно однесување на власта покажува само едно, тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократски капацитет за владеење на правото. Казна е за Република Северна Македонија, вакво недемократско мнозинство да спроведува реформи на безбедосните служби“ рече Петровска.

Поврзани новости