(ВИДЕО) Петмина ранети во пукотници во Вашингтон

by Fokus

Четири мажи и една жена се ранети во пукотница што се случија во петокот вечерта во Вашингтон.

Според полицијата, три лица се пренесени во болница, додека две сами дошле во болница.

Според локалните медиуми, пукањето се случило на Хари Томас Веј, кој се наоѓа во близина на Универзитетот Галодет.

Полицијата добила дојава околу 20:15 часот по локално време. Кога патролите пристигнале на местото на настанот, затекнале двајца мажи и една жена со прострелни рани.

Тие се префрлени во болница во тешка, но свесна состојба. Подоцна, во болница дошле уште двајца мажи, кои исто така биле застрелани на истото место.

Според првите информации, сите ранети во престрелката се познаваат.

Во овој момент нејасен е мотивот за злосторството.

Поврзани новости