Претседателот Стево Пендаровски ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, соопштија од Кабинетот на претседателот.
На средбата било разговарано за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот.
-Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите. На средбата беше разговарано за претстојниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од Европската Унија на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението.
Во соопштението се споменати и уставните измени одноно дека биле разменети мислења за стратешката важност на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава.