Претседателот Стево Пендаровски, со највисоки државни и воени почести претпладнево беше пречекан во Подгорица од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, со што ја започна својата дводневна официјална посета на Црна Гора.
Денеска двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.
Воедно, во рамки на посетата, Пендаровски ќе има средби и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.
На вториот ден од посетата во Црна Гора, односно утре, во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.