45
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средба со граѓаните од Кичево рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е шпицен кандидат за претседател на државата.
„Јасно е дека на митинзите на Силјановска само претседателот на партијата што ја поддржува зборува. Но и пред четири години човекот беше шпицен кандидат за премиер, сега е де факто шпицен кандидат за претседател на државата. Да не ве чуди идната година во октомври 2025 година можеби ќе биде и шпицен кандидат за градоначалник на Скопје, веројатно нешто ќе му се погоди“ изјави Пендаровски одговарајќи на прашања од граѓаните на митингот што го одржа во Кичево.