(Видео) Пендаровски го прими началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Албанија, генерал-мајор Арбен Кинѓи

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал-мајор Арбен Кинѓи, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Македонија.

На средбата се разговараше за билатералната воена и одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Албанија при што беше констатирано дека таа е на задоволително ниво и беше изразен интерес за јакнење на оваа соработка, преку отворен и конструктивен дијалог.

Соговорниците разменија мислења и информации и за соработката во рамките на НАТО, како две полноправни членки и соседи и изразија очекување таа да продолжи и во иднина, во насока на промовирање и унапредување на регионалната стабилност и безбедност. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека Северна Македонија и Албанија ќе продолжат да ги усогласуваат своите ставови во контекст на соработката во Алијансата.

Претседателот Пендаровски и генерал-мајорот Кинѓи за успешен пример на соработка, ги посочија учествата на двете армии во заеднички вежбовни активности и изразија надеж дека соработката помеѓу двете армии во иднина ќе се унапредува и ќе го достигне степенот на соработка на двете држави што го имаат на политичко и на економско ниво.

Поврзани новости