(Видео) Пејачот со кого започна приказната на ,,Меморија”: Зоран ни ја остави ,,Нена” и млад замина во вечноста!

by Fokus

Концертот по повод четири децении на сцената на рок бендот ,,Меморија”, кој се одржа викендов во Арена Борис Трајковски, е настан за кој деновиве наголемо се зборува.

Концертот по повод четири децении на сцената на рок бендот ,,Меморија”, кој се одржа викендов во Арена Борис Трајковски, е настан за кој деновиве наголемо се зборува.
Со квалитетни песни кои оставија траг во македонската музичка историја, ,,Меморија” покажа дека и домашните бендови можат да полнат концертни сали и дека публиката е желна за вакви настани.

На сцената во Борис Трајковски настапија музичарите на бендот со двајцата вокалисти, Апостол Икономов – Поце и Ристо Самарџиев. Но, повозрасните генерации се сеќаваат и на првиот вокалист на групата со кого всушност започна музичката приказна на ,,Меморија” која и денес трае.

Во далечната 1984 година беше основана групата, а прв вокалист беше Зоран Илиќ – Зоци, кој го отпеа безвременскиот хит ,,Нена” кој всушност и и донесе голема популарност на ,,Меморија”, а зад чиј текст стои Петар Георгиевски – Камиказа.

За истата беше снимен и видео запис во 1985 година. Песната се вртеше на сите радио станици во поранешна Југославија и се најде на врвот на топ листите.

По неговото заминување од групата се сними демо албумот ,,Оган под ѕвездите” со вокалистот Апостол Икономов, кој излезе во 1989 година, а по него како вокал дојде Ристо Самарџиев.

Зоран одамна не е помеѓу живите, и за неговиот живот после ,,Меморија” многу малку се знае. Починал млад, по борбата со тешка болест, а во архивите нема многу негови фотографии и видео снимки.

Членови на ,,Меморија” за ,,Фокус” раскажаа дека тој оставил неизбришлива трага во бендот, како прв пејач кој ја отпеал ,,Нена” и дека секогаш се сеќаваат на него.

-Тој си замина во вечноста многу млад, и тоа беше тежок период за неговото семејство, бидејќи за кратко време изгубија повеќе блиски членови. Да, со него и со ,,Нена” започна се, но за жал од тие времиња, не останаа многу фотографии од Зоци, раскажаа.

И останатите вокалисти на ,,Меморија” Икономов и Самарџиев, секој на свој начин, оставија свој печат, и во одреден временски период, секој од нив се покажал вистинскиот избор за групата.

Ризницата од хитови кои останаа и траат со децении, а беа отпеани викендов на јубилејниот концерт, се уште едно потсетување за јавноста дека имаме бендови кои со музика можат да го сплотат народот и да ја покажат љубовта кон својата земја.

Вики Клинчарова

Поврзани новости