Пејачката Тејлор Свифт ги насмеа сите свои фанови во новото видео кое брзо стана вирално на интернет.
Тејлор случајно проголтала бубачка додека изведувала песна на нејзиниот концерт, а еден од обожавателите што ја снимил, го објавил видеото на TikTok. За време на говорот, пејачката наеднаш почнала да кашла и ја ставила раката преку устата, а потоа ја известила публиката: „Голтнав бубачка, извинете“.
Тогаш таа се насмеала и рекла: „Добро сум, ова е толку глупаво. Вкусно. О, Боже. Има ли шанси никој од вас да не го видел ова?
@scariestgirluknow “Delicious” @Taylor Swift the Eras Tour @Taylor Swift #erastour #erastourtaylorswift #taylorswift #chicagon3 ♬ original sound – user316854
Корисниците на таа социјална мрежа се согласиле дека моментот кога сите замолчеле изгледал многу смешно.
Тејлор Свифт е 33-годишна американска кантавторка која со години создава големи хитови и со своите турнеи исполнува огромни арени ширум светот. Сите со нетрпение ја очекуваа нејзината последна турнеја „Ерас“, а обожавателите прават дури и бизарни работи за да не пропуштат ниту еден момент од турнејата, па некои од нив дури и облекоа пелени за концертот за да не мора да одат до тоалетот.