Во падот на патничкиот авион со 72 лица денеска во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија вечерва властите, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите.
Авион ATR72 на Yeti Airlines падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара.
Еден од патниците ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео се прошири на социјалните мрежи.
🇳🇵 ALERTE – 67 morts et quelques survivants dans le crash d'un avion de ligne de la compagnie Yeti Airlines avec 72 personnes à bord, à Pokhara au #Népal. Un Français figurait parmi les passagers. pic.twitter.com/7KYlWKmRNY
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) January 15, 2023
Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за патник од Индија, кој со своите пријатели бил на патување со параглајдерство.
Ова е најголемата воздухопловна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанската авиокомпанија се урна во рид на пристапот кон Катманду, при што загинаа сите 167 патници .
⚠️ Facebook live-stream by one of the passengers on the Yeti Airlines Flight 691 documents the moment the plane crashed in Nepal, killing all 72 people on board. pic.twitter.com/G9mpJsuEnE
— Upward News (@UpwardNewsHQ) January 15, 2023