485
Николас Крум, репортер на телевизијата Chilevision, бил ограбен од папагал додека известувал за криминал во Сантијаго де Чиле.
Малиот папагал прво слетал на рамото на новинарот, па му ја извадил слушалката од левото уво, а потоа со „пленот“ одлетал во непознат правец.
Новинарот во тој момент известувал во живо, но прекинал да зборува откако му слетал папагалот.
Сепак, како што потврдија локалните медиуми, предметот на крајот бил пронајден.
Кога видел дека не е за јадење, папагалот ја фрлил слушалката во тревата.