Музејот Лувр во Париз денеска е затворен „од безбедносни причини“, додека Франција е во состојба на готовност по нападот во североисточниот град Арас.
„Лувр доби писмена порака во која се наведува дека постои ризик за музејот и неговите посетители. Одлучивме да се евакуираме додека ги извршуваме неопходните проверки – изјави портпаролката за агенцијата „Франс прес“, откако на социјалните мрежи објави дека затворањето е извршено.
BREAKING:
Visitors are being evacuated from the Louvre Museum in Paris after a bomb threat pic.twitter.com/LUoPBkTvkE
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 14, 2023
На социјалните мрежи се појавија снимки од евакуацијата на посетителите од познатиот музеј.
Францускиот претседател Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници со цел да се засилат безбедносните патроли во земјата, еден ден откако 20-годишен исламски екстремист избоде до смрт наставник во средно училиште во градот Арас.
„ Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво, по смртта на наставникот кој беше избоден со нож во средно училиште – изјави за „ТФ1“ францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин.