(ВИДЕО) Пандев е „злато“ за Џенова: Струмичанецот повторно стрелец

by Fokus

Во дуелот на Удинезе и Џенова каде настапуваат македонски репрезентативци Пандев и Несторовски, одиграа нерешено 2:2. Првиот гол за гостите го постигна капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев за во тој момент намалување на водството на домаќините на 2:1.

Тој во игра влезе од клупата за резерви во 59. минута и по само 22 минути поминати на теренот се запиша во листата на стрелците. За Пандев ова беше осми гол сезонава во Италија.

Во домашниот тим стартер беше Илија Несторовски кој одигра 58 минути и беше заменет.

По 30 кола, Удинезе има 32 бода на 15 место и засега е на сигурна дистанца од зоната на испаѓање, додека Џенова со 27 бода е 17, со само два бода над линијата од опасната зона.

Поврзани новости