377
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
За првпат на обвинителната клупа седна првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо.
Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Ф.Ф.С.
фото: Томислав Георгиев