Пакистански командоси спасија две од осум лица заглавени на жичарница, која од утрово виси на височина од 274 метри над пропаст во планинскиот дел на северозападен Пакистан.
Полицискиот функционер Мухамед Амјад изјави дека две деца се спасени и префрлени со хеликоптер на местото каде што лекарски екипи ги прегледале и констатирале дека и двете се во стабилна состојба, пренесе Би-Би-Си.
Агенцијата Ројтерс објави видео на кое се гледа спасување на две деца од заглавена жичарница, во која има осум лица од кои шест се деца.
Децата биле на пат кон училиште кога еден од каблите се скинал, оставајќи ја кабината да виси над земјата.
Во спасувачката операција учествува и армијата, како и хеликоптери кои ја надлетуваат областа во планинскиот регион Батаграм. Силните ветрови ги попречуваат напорите на спасувачите.
AW-139 of Pakistan Air Force undertaking a very precise and critical rescue operation.
Commando Para Jumper from Special Services Wing is using the hoist to reach the children. pic.twitter.com/YxLFujNNM5
— Air Operations Syndicate (@AirOpsSyndicate) August 22, 2023