Сечата на зеленило во скопската населба Капош 4 ги вознемири утринава жителите. На социјалните мрежи се споделува видео од утринското сечење на две повеќегодишни дрвја. Граѓаните се плашат дека на локацијата ќе се подигне висококатница.
Dodeka sme nie na rabota …gledajte sto se pravi vo Karpos 4😭
Publiée par Danijela Petrusevska sur Mercredi 9 mai 2018
Од Општина Карпош велат дека се исечени две тополи, а дека налогот го издал Град Скопје.
„Во Општина Карпош, по барање на граѓани од околните згради, а по налог на Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ исече две тополи. Ова е сторено по претходно утврдени испитувања за состојбата на двете дрва“, се вели во соопштението на Општина Карпош.
Оттаму велат дека на постоечката локација не е предвидена изведба на каква било инфраструктура или градежни активности.
На фејсбук страната на граѓанското здружение „Заедно за заштита на зеленилото на Карпош“ е објавено решението, со кое градоначалникот на Скопје одобрува да се исечат седум дрва и да се искастрат 21, во паркот лоциран помеѓу улиците Волгоградска и Љубљанска.
Одлуката за сечење на дрвата била донесена поради нивна старост и кршливост, заради што тие утврдиле дека постои опасност да паднат и повредат некого. Во одлукиата се вели и дека „дрвата што се за кастрење имаат широки крошни кои удираат во зградата и во паркираните возила и предизвикуваат материјална штета“.