Крилата на легендарната црвена ветерница на врвот на Мулен Руж, најпознатиот париски кабаре клуб, паднаа на земја во текот на ноќта, изјави портпаролот на клубот.
„Не знаеме што се случило, се случило помеѓу 2 и 3 часот наутро. Никој не е повреден“, рече портпаролот, додавајќи дека последниот настап на вечерта завршил во 01:15 часот.
🇫🇷 FLASH – Les ailes du Moulin Rouge, dans le quartier de Pigalle, se sont effondrées cette nuit. Aucun blessé n’est à déplorer. (Le Parisien) pic.twitter.com/aS8zEHCuk6
— AlertesInfos (@AlertesInfos) April 25, 2024
Мулен Руж е една од најголемите туристички атракции во парискиот кварт Монмарт. Името го добила по надградената црвена мелница на покривот.
Мулен Руж на многумина им е најдобро познат како родно место на модерниот облик на кан-кан танцот. Тука настапуваа најпознатите париски ѕвезди од своето време, а многу од овие имиња станаа светски познати благодарение на постерот на Анри де Тулуз-Лотрек и неговите подоцнежни изданија.
Клубот е основан во 1889 година, а публиката за неговите танцови рутини ја чинат главно туристичките групи.