ВИДЕО Отпуштен работник уби најмалку 12 колеги и граѓани во локална администрација во Вирџинија

by Fokus

Во напад со автоматско оружје во зградата на локалнaта власт во градот Вирџинија Биџ во сојузната американска држава Вирџинија, отпуштен административец уби најмалку 12 колеги и граѓани кои случајно се затекле тука и рани повеќемина.

Како што известуваат американските медиуми, напаѓачот бил вооружен со пиштол калибар 45 со придушувач , а со себе имал шаржери кои ги менувал во текот на пукањето.

Еден полицаец е ранет во текот на пукањето, но панцирот што го носел на себе му го спасил животот.

Напаѓачот е убиен во престрелката.

Медиумите го опишуваат како ,,разочаран долгогодишен работник во локалната администрација кој добил отказ“.

Поврзани новости