(Видео) Откриена причината како дошло до уривање на мостот:„Изгубивме контрола на бродот“

by Fokus

Контејнерскиот брод „Дали“, кој предизвика уривање на голем мост во Балтимор, изгубил струја додека го напуштал пристаништето, се наведува во извештајот на Агенцијата за кибернетска и инфраструктурна безбедност.

Екипажот на бродот ги известил властите за можен судир, соопшти ABC News, која го видела извештајот.

„Бродот го извести Министерството за транспорт дека е изгубена контролата над бродот и дека е можен судир со мостот“, се наведува во извештајот.

Мостот Ки се урна рано утринава по локално време, откако во него удри товарен брод. Навигацијата е прекината во таа област. Во тек е активна мисија за пребарување и спасување на околу 20 лица за кои се верува дека паднале во вода.

Секретарот за транспорт на Мериленд, Пол Видефелд, рече дека градежни работници биле на мостот и правеле поправки во моментот на уривањето.

Како што пренесоа американските медиуми, во вода паднале и автомобили.

Поврзани новости