457
Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија денеска го лишиле од слобода Д.К.(44) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена лабораторија за производство на марихуана со околу 150 садници, ламби, вентилатори и друга опрема, како и неколку шприца со кафеава материја, марихуана и дигитална вага.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.