Рускиот претседател Владимир Путин има тајна мрежа на подземни тунели лоцирани под неговата палата на Црното Море.
Според „Индепендент“, огромниот бункер на Путин бил изграден под палатата Геленџик, според плановите објавени на интернет од фирмата задолжена за проектот.
Како што може да се види на тие планови, тунелската мрежа се наоѓа на околу 50 метри под нивото на земјата.
Комплексот, за кој првпат беше објавено од Business Insider, бил дизајниран како заштита во случај на револуција или војна, а бил изграден пред Русија да го анектира Крим во 2014 година.
Комплексот вреди околу 1 милијарда фунти и се простира на 190.000 квадратни метри. Има своја црква, лизгалиште, казино.
Лавиринтот од тајни тунели го откри Антикорупциската фондација на Алексеј Навални, рускиот опозиционер кој е во затвор.
Ги пронашле дијаграмите на фирмата „Метро стајл“ која била задолжена за изградбата. Се чини дека бункерите имаат систем за вентилација и канализација, снабдување со чиста вода, додека бетонските ѕидови се дебели речиси 40 сантиметри.
Schemes of “Putin’s Black Sea Bunker” in Gelendzhik were shown by Business Insider.
The plans show two complex tunnels running under the palace complex. The palace and underground structures are connected by an elevator that descends to a depth of approximately 50 m.
The tunnels… pic.twitter.com/43EmvrWgiV— Feher_Junior (@Feher_Junior) May 17, 2023
Има и лифт, кој го поврзува комплексот со два тунели, додека подолу има патека која води до плажата, како и кабелски носачи, кои можат да се користат за снабдување со електрична енергија.
Излезите од двата тунела се видливи од карпата, која се протега од морето до самата палата.
„Ова поставување на тунел има секакви безбедносни опции. Има противпожарен систем, вода и канализација. Наменет е за нечиј преживување или бегство“, смета Тадеус Габришевски, инженер запознаен со одбранбените системи.
Компанијата го опиша проектот како „подземен комплекс за одморалиште“ во Геленџик, градот најблиску до палатата на рускиот претседател.