Основачот на апликацијата „Телеграм“ – Павел Дуров е ослободен од полицискиот притвор во Франција и е префрлен на сослушување во суд каде ќе биде донесена одлука за евентуалното обвинение, изјавија обвинителите за Си-Ен-Ен.
🚨 Breaking : Telegram CEO Pavel Durov released from police custody and taken to court!#FREEDUROV #FreePavelDurov pic.twitter.com/Ahx8w3rMDr
— Akshansh chaurasia (@cryptoaksh30) August 28, 2024
Дуров (39) беше приведен во саботата на аеродромот „Ле Бурже“ во близина на Париз, како дел од истрагата за злосторства поврзани со детска порнографија, трговија со дрога и лажни трансакции на неговата платформа.
Белата куќа не го коментираше апсењето на Дуров, а францускиот претседател Емануел Макрон рече дека апсењето „во никој случај не е политичка одлука“.
Апликацијата Telegram, со седиште во Дубаи, има речиси милијарда корисници и е особено влијателна во Русија, Украина и републиките од поранешниот Советски Сојуз.
Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, Телеграм стана главен извор на нефилтрирани – а понекогаш и експлицитни содржини од двете страни за војната.
Платформата стана она што некои аналитичари го нарекуваат „виртуелно бојно поле“ во војната, што интензивно го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите претставници, како и руската влада, пишува Ројтерс.