Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата ја објасни процедурата за именување и разрешување на министри. Не кажа дали е пристигнато барање за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација.
„Владата не именува и разрешува, туку Собранието. Доколку има барање на кој било од коалициските партнери, тоа се адресира до премиерот и потоа премиерот носи одлука дали тоа ќе го пренесе до Собранието и Собранието на крај носи одлука за одредени кадровски решенија во Владата. Нашите министри се именуваат и разрешуваат во Собрание. Ако има нешто такво, се информира премиерот и тој е тој што треба да го информира Собранието за таквите одлуки ако има такво барање од некоја партија која е коалициски партнер“, истакна Османи.