Демонстрантите на „Македонија блокира“ играа оро на денешниот протест пред Собрание додека траеше расправата за утврдување на нацрт амандманите за уставни измени. Насобраните бараа оставки и скандираа говор на омраза „мртов Заев, добар Заев“
Екс функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, порача дека е за поздравување тоа што пратениците од опозицијата кои гласаа за отворање на уставот, дека ќе гласаат воздржано во втората фаза.
-Ако гласаат воздржано и во третата фаза ќе им простиме и ќе ги примиме меѓу нас. На светскиот поредок кој одлучил да ја избрише Македонија од мапата имам да му порачам: „Ние никогаш нема да се предадеме!“ – рече Петровски.
Протести пред Собрание на Република Македонија
Publiée par Filip T. Petrovski sur Samedi 1 décembre 2018
Во знак на револт беа запалени и копии од двата договори.
Демонстрантите поставија шатори на улицата пред Собрание и најавија протести додека не падне оваа власт.