Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук објави видео на кое го вози американскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер во фитнес центар во Будимпешта, шегувајќи се дека туристите во градот подобро ќе ја препознаат американската ѕвезда од унгарскиот премиер.
На видеото се гледа како Шварценегер го возат до зградата на унгарската влада, а потоа тој и Орбан пријателски се поздравуваат, разменуваат книги со посвети, а актерот се фотографира на масата во кабинетот на унгарскиот премиер. После тоа одат во теретана, а зад воланот бил самиот Орбан.
„Сега забележаа кој си. Тие не знаат кој сум јас, бидејќи странците те знаат тебе, а не мене. Не знаат ни кој сум јас, но те препознаа тебе – рече Орбан додека автомобилот минуваше покрај туристичкото шеталиште.
Орбан претходно објави фотографија од заеднички тренинг со Шварценегер во фитнес центар во Будимпешта.
„ Го оставив дресот за тренинг дома, но тренерот немаше милост – изјави Орбан на Фејсбук.
Шварценегер го посети истиот фитнес центар во 2018 година на снимањето на „Терминатор: Темна судбина“ во Будимпешта.