Версајската палата во Париз е евакуирана поради закана за бомба, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на полициски извори.
Се додава дека на веб-страницата moncommissariat.fr е добиена анонимна дојава, а замокот ќе биде затворен до крајот на денот.
Претходно во текот на денот, поради закана за бомба беше затворен и познатиот музеј Лувр. Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, околу пладне, а посетителите морале веднаш да ја напуштат зградата.
BREAKING:
The Palace of Versailles near Paris is now being evacuated due to a terrorist threat.
Via @FranceNews24 pic.twitter.com/qdCf7WviGN
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 14, 2023
„Од безбедносни причини, Лувр е затворен за денеска. На посетителите кои купиле билети ќе им бидат вратени парите“, соопштија од Лувр.
Франција го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво по вчерашното убиство на учителот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во Арас. Во тој инцидент уште три лица се тешко повредени, меѓу кои и напаѓачот.
Актот беше прогласен за „исламски тероризам“ во Франција, а претседателот Емануел Макрон нареди мобилизација на 7.000 војници за да се зголемат безбедносните патроли во земјата.