Седница на српскиот парламент се претвори во хаос, бидејќи пратениците од опозицијата внесоа факели во салата, кои во еден момент ги запалија. Беа запалени неколку факели, а во салата не се гледаше ништо, додека пратениците се гушеа од чадот.
Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ ги повикуваше пратениците од опозицијата да седнат на своите места и да продолжи работата.
За неколку моменти беа фрлени и шишиња кон пратениците од опозицијата, кои на насилството одговорија со развиорување на српски знамиња.
Брнабиќ од говорницата изјави и дека на пратеничката Јасмина Обрадовиќ и се слошило и дека итната помош интервенирала откако била изнесена од салата.
– Таа е во критична состојба, имаше мозочен удар и се бори за живот. Таа е во смртна опасност бидејќи ја погоди шок-бомбa – изјави Брнабиќ.
Станува збор за пратеничка од листата на Александар Вучиќ.
Инцидентот се случи откако беше усвоен дневниот ред и министрите почнаа да влегуваат во салата.
Опозициските пратеници запалија црвени и црни димни бомби и раширија транспарент на кого пишува „Србија стана за режимот да падне“.