(ВИДЕО) Ограбена и уништена палатата на Асад

by Фокус

Откако сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад, стотици жители на Дамаск влегоа во луксузната претседателска палата, ограбувајќи се што е вредно.

Во моментот на преземање на главниот град, бунтовниците отидоа и во приватната палата на Асад во областа Малкех, каде што ги пребараа просториите и ги земаа работите.

На снимките и фотографиите од местото на настанот се гледа како луѓето слободно шетаат низ луксузните простории, додека некои, револтирани од владеењето на Асад, уништуваат инвентар и крадат вредни предмети.

Според извештаите, ограбени и уништени се и десетици продавници, банки, книжарници и угостителски објекти во Дамаск.

На дел од снимките од претседателската палата се прикажани и луксузни автомобили во гаражата, дел од возниот парк на диктаторот. Големиот хангар е полн со автомобили вредни милиони, меѓу нив Ферари, Астон Мартин, Ролс-Ројс, БМВ, Мерцедес и Бугати Вејрон.

Поврзани новости