ВИДЕО Од тепањето и изживувањето врз Пендиков

by Fokus

Видео снимка од безбедносните камери во близина презентираше обвинителот во случајот со тепањето на Христијан Пендиков во Охрид на 19-ти јануари годинава. На снимката се гледа како две лица брутално го тепаат и се изживуваат врз Пендиков, додека трето лице го посматра случувањето.

Обвинетиот во случајот е  Илија Спасески, кој е инаку наставник по професија. Тој се товари за напад од омраза со тешки повреди. Пред судот се изјасни за невин.

Пендиков не се појави на рочиштето, како што рече неговиот адвокат, поради здравствени проблеми. Тој додаде дека Пендиков се уште се лекува од повредите.

Спасески е обвинет за настанот што се случи на 19 јануари во кој секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, Пендиков, беше претепан, а според обвинението на тепачката и претходеле навреди по национална основа во кафеана.

Наводно Спасески му рекол на Пендиков „Не ти е срам да се пишуваш Буагрин“.

Поврзани новости