Безбедносна камера го уловила страотниот момент од сударот меѓу патничкиот и товарниот воз што се случи во вторникот пред полноќ, каде загинаа и беа повредени десетици луѓе.
Според она што може да се види на видеото, товарниот воз кој се движи од Лариса и патничкиот воз кој тргнал од Атина во 19:22 часот се на иста линија. Двата воза се движат со брзина од 166 км на час и не можат да го избегнат сударот. Вагоните вивнуваат во пламен веднаш потоа.
Според првичните информации одговорен за несреќата е стационарот на железничката станица во Лариса, кој го насочил патничкиот воз по линијата по која се движел товарниот. Стационарот беше уапсен и против него е поднесена кривична пријава. Тој презеде одговорност за несреќата.
Околу 38 луѓе загинаа, а 24 лица се водат како исчезнати.