588
На социјалните мрежи се појави видео снимено веднаш по падот на хеликоптерот во близина на Струмица, каде што се гледа како полицискиот хеликоптер гори по падот.
Портпаролот на МВР Иво Котевски за Фокус потврди дека се срушил хеликоптер и дека во моментов се врши увид.
„Станува збор за полициски хеликоптер и има жртви. Прво ќе бидат известени семејствата, а откако ќе заврши увидот ќе излеземе со официјални информации“, изјави Котевски.