Фудбалската репрезентација на Мексико го заврши натпреварувањето на овогодинешното издание на Копа Америка.
Во борбата за второто место во групата не успеаја да го победат Еквадор, мечот заврши без победник и голови – 0:0!
Двете селекции групната фаза ја завршија со по четири бода, а подобрата гол-разлика на крајот ја имаа Еквадорците. Имаа и голема среќа, бидејќи ВАР ги спаси во 99. минута.
Судијата Марио Ескобар најпрвин покажа на белата точка по прекршокот на Феликс Торес, а потоа доби сигнал од ВАР просторијата. Тој го погледнал видеото и решил да ја смени првичната одлука.
Еквадор преживеа и отиде меѓу осумте најдобри.
Венецуела беше прва во групата совладувајќи ја Јамајка со 3:0. Сите три гола беа постигнати во вториот дел, а покрај Рондон погодија и Едуард Бело и Ерик Рамирез.
Сега ќе имаат шанса да го повторат најдобриот пласман во историјата со потенцијална победа над Канада во нокаут фазата, додека Еквадорците ќе се соочат со Лионел Меси и Аргентина.