(Видео) Обвинетите за масакрот во трговскиот центар кај Москва открија кој ги координирал

by Fokus

Еден од обвинетите за учество во терористичкиот напад на концертната сала Крокус Сити Хол во предградието на Москва го именуваше координаторот на целата операција, објави руската државна новинска агенција Тас.

Според обвинетите, маж по име Саифуло ги контактирал и на секој од нив им ветил по милион рубљи (околу 10.000 евра). На првиот руски канал беше прикажана снимка од испрашувањето на терористите од страна на членови на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

„Сајфуло ни рече да одиме во Украина, во Киев. И дека таму ќе ни даде еден милион рубљи”, рекол еден од обвинетите за време на сослушувањето. Другите обвинети зборуваа за наводната помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница.

„Сајфуло рече дека на украинската граница ќе не чекаат момци кои ќе ни помогнат да ја поминеме границата и да стигнеме до Киев. Ни рече: „Јавете ми се, па ќе ви кажам што да правите“, сведочеше обвинетиот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад загинале 144 лица, а 551 се повредени.

За учество во терористичкиот напад уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица директни извршители. Рускиот истражен комитет соопшти дека истражителите пронашле докази кои ги поврзуваат сторителите со украинските националисти.

Поврзани новости