Премиерот, Зоран Заев, со видео се обрати до јавноста по вчерашната средба со германската канцеларка, Ангела Меркел. Заев повтори дека Меркел ја информирала македонската делегација дека Бундестагот во септември ќе донесе одлука за одобрување на стар на преговори со ЕУ.
„Вчерашната пријателска средба со канцеларката Меркел беше средба каква што личи меѓу земји – стратешки партнери. Северна Македонија го испорача очекуваното и на нас се гледа во многу позитивно светло. Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата“, порача Заев.
Вчерашната пријателска средба со канцеларката Меркел беше средба каква што личи меѓу земји – стратешки партнери. Северна Македонија го испорача очекуваното и на нас се гледа во многу позитивно светло.Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата.
Publiée par Zoran Zaev sur Vendredi 14 juin 2019