731
Американскиот претседател Доналд Трамп објави ново видео на Твитер во кое рече дека не се чувствувал добро кога дошол во болницата Валтер Рид, но дека сега се чувствува добро и дека следните неколку дена ќе бидат клучни за неговото закрепнување.
– Следните неколку дена се клучни; тоа ќе биде вистински тест, ќе видиме што ќе се случи во текот на следните неколку дена – рече Трамп, кој во видеото седи покрај тркалезна маса пред знамето на САД.