Видео обраќање на Османи и Агелер: Претстојат тешки одлуки, но САД се вашиот најголем пријател, порача амбасадорката

by Fokus

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во заедничко видео-обраќање денеска ја честитаа годишнината од стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави (САД).

Стратешкиот дијалог, вели Османи, е значајна пресвртница во севкупните билатерални односи меѓу двете земји.

„Денес е втори јуни кога ја одбележуваме втората годишнина од одржувањето на стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија Соединетите Американски Држави (САД), а кој заедно со државниот секретар Антони Блинкен го лансиравме минатата година во Вашингтон.

Стратешкиот дијалог е значајна пресвртница во севкупните билатерални односи и логичен чекор напред по безмалку 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, по 15 години стратешко партнерство и три години силно сојузништво во НАТО Алијансата“, вели Османи.

Американската амбасадорка, истакнувајќи ја важноста на стратешкиот дијалог, посочува дека патот на земјата до овој клучен момент не бил лесен, додавајќи дека претстојат тешки одлуки. Но САД, потенцира таа, секогаш биле и ќе бидат наш постојан поддржувач и најголем пријател.

Поврзани новости