Во утринската програма на српската телевизија Пинк беше прикажан спот во кој се повикува „сите како еден да застанат заедно со командантот Александар Вучиќ“.
Во позадина се слуша гласот на Вучиќ: „Тврдиот орев е чудно овошје, не се крши, туку крши заби. Не се плашиме од никого, бидејќи слободна и слободарска Србија нема од што да се плаши. Србија не смее да стои во место“.
Na Pinku ranom zorom vrhunac ludila.
Pesma koja veliča Aleksandra Vučića uz stihove
"Svi ko jedan brat za brata uz Aleksandra komandanta". pic.twitter.com/8wA6hWD1KH
— Nikola Lakic (@NikolaLaki3) June 9, 2024
Потоа следува песна со следниов текст: „Косово е срце мило, знаеш што се случи таму. Мајка плаче, го чека синот да се врати оддалеку. Нека се вее српското знаме, жестока битка е сега се бореле сите како еден, брат до брат, со Александар командантот“.