241
Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот, така и на магистралата А3.
Поради одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удрило во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се и неколку улици во градот.
Сообраќајот на магистралниот пат се одвива по влажни коловози.
Меѓу улиците кои се под вода се Маршал Тито и крајот од улицата Булевар Македонија, истите сообраќајници кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево.