Четиринаесет лица загинаа, а тројца се повредени и се во животна опасност по вчерашната несреќа предизвикана од уривањето на настрешницата на зградата на железничката станица во Нови Сад.
Сега преку улицата од станицата се појави ново видео каде јасно се гледа како во еден момент се урнало се, вклучително и бетонската и металната конструкција на настрешницата, но и како напукнале стаклата на самата станица.
Ве предупредуваме дека снимката е вознемирувачка!
Snimak nesrece na zeleznickoj stanici u Novom Sadu 11:56:19 😌
*preuzeto sa FB pic.twitter.com/dUkiamw0SD— Shadow (@darkman_011) November 2, 2024
Владата на Србија поради оваа трагедија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост, додека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост.
Директорот на Клиничкиот центар на Војводина ги откри последните информации за повредените во несреќата во Нови Сад, како и резултатите од обдукцијата на жртвите кои загинаа кога ненадејно паднала металната и бетонската конструкција пред железничката станица во Нови Сад.
– Повредените се уште се во многу тешка состојба. Во Ургентниот центар вчера попладне се примени три лица, а се работи за млади лица со просечна возраст од 18 до 24 години. Сите се оперирани, но нивните животи се уште се во опасност. Станува збор за многу тешки повреди и ги следиме со дијагностика и мониторинг – ја започна својата изјава Весна Туркулов и продолжи:
– Пред околу еден час заврши обдукцијата на сите 14 жртви во несреќата што се случи вчера. Сите тела се идентификувани, а некои семејства веќе ги побараа телата.
Голем број граѓани се одзваа на повикот да даруваат крв за повредените.