Неверојатниот Аргентинец Лионел Меси по којзнае кој пат покажа зошто многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња.
Во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, Аргентина ја демолираше Боливија со резултат 6:0, а апсолутен херој на триумфот беше Меси.
Искусниот фудбалер приреди шоу за навивачите на „Монументал“ во Буенос Аирес, постигна хет-трик, 10-ти јубилеј во репрезентативниот дрес, а забележа и две асистенции.
Во својот 189. натпревар во дресот на националниот тим, тој стигна до 112 гола и со тоа го престигна Иранецот Али Даеи на листата на најдобри стрелци на национални тимови. Пред него е само Кристијано Роналдо, кој е неприкосновен со 132 гола.
„Убаво е што доаѓам овде и ја чувствувам љубовта на луѓето, тоа е она што ме тера. И покрај моите години, се чувствувам како дете и ми е удобно во овој тим. Се додека се чувствувам така и играм на нивото на кое сакам, ќе продолжам да уживам“, изјави Меси.
Погледнете ги главните моменти од овој натпревар: