(ВИДЕО) Ново масовно пукање во САД – 200 луѓе биле мета пред трговски во Чикаго

by Фокус

Во преградието на Чикаго, Вилбрук, се случи масовно пукање ноќеска по полноќ, кога непознат напаѓач отворил оган пред трговски центар каде имало најмалку 200 луѓе, јавуваат американските медиуми.

Според првичните информации, најмалку 29 лица се застрелани и нивната состојба не е позната.

Напаѓачот почнал да пука на улицата пред трговскиот центар, каде во тоа време имало меѓу 200 и 300 луѓе, а мотивот на напаѓачот сѐ уште не е познат.

На местото на престрелката биле испратени и екипи на итната помош и бројни полициски сили.

На видео снимки објавени на социјалните мрежи може да се види како голем број луѓе се обидуваат панично да избегаат од трговскиот центар и од пукањето.

Поврзани новости