Претседателката на Европската комисија,Урсула фон дер Лајен, одби да одговори на прашањата за односот на потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас со Катар, што предизвика гнев кај новинарите во Брисел. Тие инсистираа на одговори за најголемиот корупциски скандал што ја погоди ЕУ во последните неколку години.
Заменик-портпаролот на Европската комисија, Ден Спинант, одлучи да ја затвори прес-конференцијата, што предизвика бурни реакции кај новинарите кои побараа дополнителни појаснувања.
„Не одговоривте на ниту едно прашање“, извика еден новинар. „Ваква прес-конференција не може да се организира“, одговори Спинант, додека новинарите гласно се жалеа дека од ЕК избегнуваат да дадат одговор.
Иако Фон дер Лајен одговори на некои прашања за скандалот, таа не одговори за околностите на заминувањето на обвинетиот Схинас во Катар.
Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во понеделник вети дека ќе започне внатрешна истрага за ескалацијата на обвинувањата за корупција што го потресоа Брисел, по серијата полициски рации во канцелариите на Европскиот парламент.
Journalists outraged about the President of the European Commission, Ursula von der Leyen, dodging questions about the Qatar-European Parliament corruption scandal
She was asked about M. Schinas, VP of the EC & his suspicious, favorable comments on Qatar pic.twitter.com/KT8shrloNe
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 12, 2022